Ладна

Ладна-Вода со висок квалитет, која има големи поволности, како за возрасните, така и за децата кои ја конзумираат. Ладна вода е препознатлива по тоа што придонесува за целосна детоксикација на организмот, ги отстранува токсините од организмот и ја регулира телесната температура. Полна со свежина, целосно заштитена од надворешни влијанија, Ladna стигнува до вас со потполно непроменет состав и квалитет.

Достапна во повратна ПЦ амбалажа од 19l.

КАКО ЛАДНА ДОАЃА ДО ВАС

Фабриката во с.Вакав, Кратовско, располага со комплетно автоматизирана линија за полнење на неповратна стаклена и PEТ амбалажа со капацитет од 12.000 l/h и комплетно автоматизирана сирупана, во согласност со законските прописи и сите правила за добра производна пракса.

Од изворот до погонот за полнење, водата се транспортира низ затворен систем целосно заштитен од сите надворешни влијанија.

Во погонот се врши механичко филтрирање и апсолутна 0.2 микронска микробиолошка филтрација со цел да се добие највисок квалитет и беспрекорно безбеден производ.

Пакуваниот производ, подготвен за консумација, се дистрибуира до продажните и угостителските објекти во строго контролирани услови, со сопствен возен парк.

Претплати се за новости и
промоции и добиј 10% попуст