Сервис
Нашиот Сервис на апарати ги опфаќа следниве интервенции
-преземање на апарат од корисник доколку нема можност сопственикот да го донесе до сервис (во Аква Бар),
-комплетна проверка на апаратот и констатирање на дефект,
-изготвување на работен налог за потребните делови кои треба да се заменат,
-информирање и консултација со корисникот на апаратот окoлу трошоците за сервисирањето ,
-по одобрување од страна на корисникот се пристапува кон промена на оштетени и расипани делови од апаратот,
-откако се отстранети сите дефекти се пристапува кон механичко прочистување на апаратот,
-дoколку со текот на експлоатација е настаната промена на надворешната боја (станува збор за бели апарати кои пожолтуваат) се пристапува кон реконструкција (освежување) на бојата, процес за кој се потребни 96 часа,
-следен чекор е бактериолошко прочистување, процес за кој се потребни 24 часа,
-апартот се пакува и е подготвен за понатамошна употреба.

Санитизација
Редовната употреба на апаратите за вода бара и редовна санитизација на истите со која што се обезбедува конзистентност на квалитетот на водата и непречено функционирање на апаратот за вода. Само во оние случаи кога редовно се врши санитизација на апаратот, која подразбира бактериолошко и механичко прочистување, Аква Бар може да гарантира дека пиете квалитетна и здрава вода од уредот. Санитизацијата опфаќа чистење на сите надворешни и внатрешни површини на апаратот, резервоарот за вода и сите цевки низ кои што поминува водата и славините со дезинфекционо средство кое што има цел да ги уништи сите микроорганизми во апаратот. Санитизацијата е неопходна да се врши на секои 6-8 месеци.
Контакт за сервис
Телефон: 071317501
Е-маил: servis@aquabar.com.mk