АКВАТИКА

Пиењето на Акватика благотворно делува на болестите на бубрезите и на уринарниот тракт, го подобрува варењето, се препорачува кај болестите на кожата. Акватика е ниско минерализирани, бикарбонатни вода. Ниската минерализација овозможува да може да се пие во големи количества од сите категории на потрошувачи. Процесот на полнење на Акватика е во висококвалитетна еко ПЕТ амбалажа од 0.33л, 0.5л, 1л, како и Поликарбонат амбалажи од 1.5л, 15л и 19литри и се одвива во високохигиенски услови и целосна ултравиолетова стерилизација во согласност со светските правила на производство.

“Водата е живот, но квалитетната вода значи здравје.”

Процес на полнење на Акватика

Природата на селото Преглово Кичевско му подарила кристално чист извор Питран со минерална вода која има исклучително висок квалитет и ги задоволува сите светски стандарди.

Изворот на Акватика “Питран” се наоѓа под падините на планината Баба Сaч на 600 метри надморска височина со капацитет од 400 литри во секунда. Длабочината на изворот на Акватика изнесува 80 метри. Водата од изворот поминува низ слоеви кои се составени од мермеризирани карпи варовници, со гoлеми кoличини нa чист квaрц, сo тоа што на водата и се дава природна бистрина и свежина. Целата област на планината Баба Сaч сo 1700 метри нaдмoрскa висинa и прoстрaнствo oд 40 км2 претставува своевидна еколошка оаза, затоа што во нејзината околина нема никакви индустриски постројки ниту пак прометни сообраќајници.

Со векови населението на селото уживало во благодетите на овој извор.

Regjistrohu për lajme dhe
promovime dhe mori një zbritje prej 10%.