Редовната употреба на апаратите за вода бара и редовна санитизација на истите со која што се обезбедува конзистентност на квалитетот на водата и непречено функционирање на апаратот за вода. Само во оние случаи кога редовно се врши санитизација на апаратот,која подразбира бактериолошко и механичко прочистување, Аква Бар може да гарантира дека пиете квалитетна и здрава вода од уредот.

Санитизацијата опфаќа чистење на сите надворешни и внатрешни површини на апаратот, резервоарот за вода и сите цевки низ кои што поминува водата и славините со дезинфекционо средство кое што има цел да ги уништи сите микроорганизми во апаратот.

Санитизацијата е неопходна да се врши на секои 6-8 месеци.

Search